Седум неверојатни работи кои кучињата може да ги намирисаат

Фото: Pexels/ Jenda Kubeš

Мозокот на кучето е специјализиран за идентификување мириси. Тие се потпираат на нивното сетило за мирис, за да го толкуваат својот свет, слично како што ние го користиме нешто сетило за вид. Се проценува дека кучињата можат да препознаат мириси некаде помеѓу 1.000 и 10.000 пати подобро отколку луѓето, пишува „Папи ин тренинг“ (Puppy in training).

Во продолжение се издвоени седум неверојатни работи кои кучињата се способни да ги намирисаат:

Рак

Кучињата обучени да откриваат рак имаат стапка на точност помеѓу 88 и 97 отсто за разлика од специјализираните машини. Тие може да намирисаат дали некој е болен од рак, со едноставно мирисање на здивот, урината или примерокот на крв на испитаникот.

Епилепсија

Службените кучиња кои се дресирани за предупредување на епилептични напади, можат 15 минути до 12 часа однапред да го предупредат сопственикот за нивниот напад на епилепсија. Некои седресирани да го чуваат сопственикот, држејќи го подалеку од скали, додека други се обучени да притискаат копче на телефонот за да ги повикаат службите за итни случаи.

Компјутерска опрема

Постојат кучиња кои се дресирани да пронаоѓаат компромитирачки докази кај сајбер криминалците. Тие може да намирисаат компјутерска опрема, како што се хард дискови и други дигитални уреди.

Овулација

Некои кучиња се дресирани да ја намирисаат урината на кравите, за да откријат кога таа е во овулација. Со ова тие им помогнат на фармерите да знаат кога е најсоодветно време да користат вештачко оплодување кај добитокот.

Бубачки во кревет

Истражувањата покажале дека кучињата можат да детектираат наезда на бубачки со точност од 96 отсто.

Емоции

Кучињата можат да намирисаат промени во вашите хормони и телесни хемикалии, со што ги лесно ги откриваат вашите емоции. Тие знаат кога се чувствувате тажно, исплашено или среќно.

Дрога

Добро познато е дека постојат службени кучиња најчесто на аеродромите и граничните премини,  кои се дресирани да препознаат присуство на дрога. Тие имаат неверојатно способности и можат да го препознаваат мирисот на широк спектар на дроги, вклучувајќи марихуана, кокаин, хероин и метамфетамин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот