Седум медали за каратистите на Макпетрол на силниот турнир „Кроација Опен“

Пет сребрени и два бронзени медали за каратистите на Макпетрол на силниот турнир во Риека/Фото: Бошко Заборски/КК Макпетрол

Изминатиот викенд во Риека (Хрватска) се одржа интернационалниот карате турнир „Кроација Опен“, со пријавени рекордни 1703 спортисти, од 233 клубови и 21 национална репрезентација.

Каратистите на Макпетрол од Скопје, заминаа со комбиниран тим на овој турнир. Приоритетно за сениорите беше да ја проверат својата форма непосредно пред настапот на Светското првенство кое треба да се одржи во првата недела на ноември годинава во Дубаи (Обединетите Арапски Емирати), а за јуниорите проверка пред Европското првенство во февруари.

За Риека заминаа осум спортисти од клубот, сите репрезентативци на Македонија. Беа поделени во возрасни категории на сениори, јуниори и постари јуниори и освоија вкупно седум медали од кои пет сребрени и два бронзени медали.

Роберто Ацковски, освојувач на бронза на „Кроација Опен“/Фото: Бошко Заборски/КК Макпетрол

Спортисти кои учествуваа во Риека:

Петар Заборски опен категорија сениор и тренер на екипата – бронзен медал
Петар Спасеновски опен категорија сениори – сребрен медал
Роберто Ацковски -67 кг – сребрен медал
Ангела Мојсовска сениорка -68 кг – сребрен медал
Викторија Јовановска сениорка -68 кг
Витомир Трајковски јуниор -76 кг
Стефан Стојановиќ јуниор – 76 кг – сребрен медал јуниори и сребрен медал за У21

На вториот ден во помладите возрасни категории европскиот шампион Стефан Стојановиќ го освои сребрениот медал во категоријата над 84 килограми во У-21 откако во финалето зауби од Словакот Томаш Коса, додека пак Глигор Петков (-84кг, Макпетрол) се закити со бронзата во истата конкуренција. Второто финале Стојановиќ (+76 кг, Макпетрол) го оствари кај јуниорите и се бореше со Макс Фајербах од Хрватска загуби со резултат 2:3.

– Овој турнир е сигурно најмасовен и најквалитетен интернационален турнир. Тоа што се одржува непосредно пред почетокот на Светското сениорско првенство кое треба да се одржи во Дубаи, затоа повеќе држави дојдоа со своите сениори и направија извонредна контрола на моменталната форма, тоа го направивме и ние. Како клуб со нашите репрезентативци освоивме вкупно седум медали и поради тоа сме многу задоволни, имавме дури пет финалиња со по четири последователно добиени борби од страна на нашите спортисти. Сениорските репрезентативци: Петар Заборски, Петар Спасеновски и Ангела Мојсовска покажаа добра форма и голема борбеност. Сакам да истакнам и тоа дека нашиот актуелен европски јуниорски првак, на овој турнир направи вкупно 10 борби. Учествуваше во две финалиња и кај јуниорите, но ние го при(јавивме и во (У21) постари јуниори бидејќи тој во месец Фебруари полни 18 години. Стефан Стојановиќ го потврди својот голем квалитет и освои две сребрени медали на овој силен турнир – рече тренерот на Макпетрол, Бошко Заборски.

Сениорите на Макпетрол, медалисти во Риека/Фото: Бошко Заборски/КК Макпетрол

Резултати
Сениори
-61 кг
Викторија Јовановска (Макпетрол) – Марија Мурковиќ (Хрватска) 3-1
Викторија Јовановска (Макпетрол) – Луција Батаија (Хрватска) 3-0
Викторија Јовановска (Макпетрол) – Жужана Шулаи (Унгарија) 3-1
Викторија Јовановска (Макпетрол) – Ана Ленард (Хрватска) 2-3
За бронза
Викторија Јовановска (Макпетрол) – Тамара Живковиќ (Србија) 0-3
-68 кг
Ангела Мојсовска (Макпетрол) – Деси Рубини (Италија) 8-2
Ангела Мојсовска (Макпетрол) – Ивана Галиќ (Хрватска) 0-1
Отворена/ апсолутна категорија
Ангела Мојсовска (Макпетрол) – Паулин Бонжур (Швајцарија)
Ангела Мојсовска (Макпетрол) – Луција Борот (Швајцарија) 3-0
Финале
Ангела Мојсовска (Макпетрол) – Ана Хирт (Швајцарија) 4-5
-67 кг
Роберто Ацковски (Макпетрол) – Давид Гахан (Италија) 1-0
Роберто Ацковски (Макпетрол) – Васил Ривов (Бугарија) 5-0
Роберто Ацковски (Макпетрол) – Боран Берак (Србија) 0-1
За бронза
Роберто Ацковски (Макпетрол) – Ром Гаиги (Унгарија) 2-0
-75 кг
Петар Заборски (Макпетрол) – Шалев Гајги (Израел) 1-1
-84 кг
Глигор Петков (Макпетрол) – Зденк Ванка (Словачка) 0-8
Глигор Петков (Макпетрол) – Ерман Садиковиќ (Австрија) 5-0
Глигор Петков (Макпетрол) – Александар Калабиќ (Хрватска) 1-0
Глигор Петков (Макпетрол) – Тибор Хидаси (Унгарија) 0-0
За бронза
Глигор Петков (Макпетрол) – Анте Мрвичиќ (Хрватска) 0-0
Петар Спасеновски (Макпетрол) – Емил Садиковиќ (Австрија) 0-0
Петар Спасеновски (Макпетрол) – Иван Квесиќ (Хрватска) 0-0
Отворена/ апсолутна категорија
Петар Заборски (Макпетрол) – Јан Брезочник (Словенија) 1-4
Петар Спасеновски (Макпетрол) – Кеану Сатин (Швајцарија) победа
Финале
Петар Спасеновски (Макпетрол) – Јан Брезочник (Словенија) победа на Словенецот
За бронза
Петар Заборски (Макпетрол) –Арбен Пјетрај (Швацарија) победа на Заборски

Македонскиот каратист Неделковски освои злато на меѓународниот турнир „Кроација опен“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот