Македонскиот каратист Неделковски освои злато на меѓународниот турнир „Кроација опен“

Освен злато, Александар Неделковски освои и бронза во Риека, Хрватска/Фото: facebook.com/mirche.janushevski.9

Александар Неделковски во силна конкуренција на меѓународниот карате турнир „Кроација опен“ во Риека (Хрватска) успеа да освои златен медал во кати категорија јуниори до 21 година.

Дојде до првото место пред Словакот Роман Хрчка, а „бронзени“ беа Италијанците Самуеле Москатели и Гвидо Полсинели.

Воедно Неделковски (членот на Карате Клубот Металург) се закити со уште еден медал, бронза во категоријата ката кај сениорите (од 41 натпреварувач). Севкупно на турнирот имаше 1378 натпревари и 233 клубови во сениори.

Во оваа конкуренција првопласиран беше Балинт Беке од Унгарија, а на втората позиција Леонардо Барлета од Италија.

Следен настап според најавите ќе биде следниот викенд на Балканското првенство за сениори во хрватскиот Пореч.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот