Се запали и целосно изгоре автомобил на регионалниот пат Чашка-Велес

Увид на местото на несреќата направи екипа на СВР Велес.

На регионалниот пат Чашка-Велес во месноста Долги Рид претпладнево околу 11:30 часот во движење се запали автомобил марка „фолсваген поло”. Возачот веднаш излегол и повикал пожарна, чија екипа веднаш пристигнала и за десетина минути го изгаснала пожарот, но автомобилот бил целосно изгорен, информира за МИА Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.

-Возилото не било осигурано „каско” и затоа не е сомнителен, туку е несреќен случај. Најверојатно сопственикот имал некои проблеми со моторот, по што настанал пожарот, изјави Додевски.

Увид на местото на несреќата направи екипа на СВР Велес.

За време на интервенцијата на пожарникарите во прекин бил сообраќајот Велес-Чашка и обратно, по што повторно бил пуштен во функција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот