Се воведуваат промени во фудбалот? ФИФА размислува за познато кошаркарско правило

фото: facebook.com/Fcstruga/

Меѓународната организација за правилата на фудбалската игра (ИФАБ) во соработка со ФИФА планира да воведе нови правила во фудбалот.

Денеска во Лондон се планира да бидат претставени два нови можни правила. Најинтересен е оној што би можел да се преслика од кошарката. Станува збор за запирање на времето кога топката ќе излезе од игра.

Споменатиот пример беше разгледан претходно на различни состаноци. Целта е натпреварот да содржи што повеќе од самата игра, бидејќи во денешно време фудбалерите често поминуваат време лежејќи на теренот и слично. Покрај тоа, тие сакаат да го зголемат времето за надополнување, како што се случи на Светското првенство во Катар.

– Не велам дека часовникот треба да се запира секогаш кога топката ќе излезе од теренот, туку за оние инциденти кои предизвикуваат најмногу доцнења: прослави голови, замени, пенали, повреди и ВАР – објасни поранешниот потпретседател на Арсенал, Дејвид Деин.

Генералното собрание во март сепак треба да одобри какви било промени и треба да поминат најмалку две сезони пред официјално да се воведе правилото за запирање на времето.

ИФАБ се состои од четирите британски асоцијации кои имаат по еден глас и ФИФА која има четири гласа. За да се прифати предлогот потребно е да се соберат шест од осум гласови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот