Се судрија автобус и камион во Индија – 14 загинати, 35 повредени

Фото: Принтскрин

Во 2018 година, додава ДПА, во Индија во сообраќајни несреќи загинале речиси 149.000 лица, покажуваат податоците на владата.

Најмалку 14 лица загинаа и неколку десетици се повредени кога автобус што брзо возел удрил во паркиран камион крај пат во северна Индија, соопшти денеска полицијата, јави ДПА.

Полицискиот офицер Ирај Раџа изјави дека судирот се случил вчера на автопат во областа Фирозапад, во државата Утар Прадеш

Камионот со контејнер бил распаречен, додека крај патот бил поправан и одзади бил удрен од автобусот полн со патници

-Засега загинаа 14 лица, од кои 13 патници и возачот на камионот, кој во моментот на несреќата ја надгледувал поправката на дефектот, изјави Раџа.

Првичните извештаи наведуваат, пренесува ДПА, дека возачот на автобусот изгубил контрола врз автобусот, што резултирало со несреќата.

Вкупно 31 патник е повреден и однесен во болница, а состојбата на четворица од нив е оценета како сериозна.

Индија има најголем број жртви на сообраќајки во светот, во кои  како причини најчесто се наведуваат слабо одржуваните патишта и возила, како и несовесното возење.

Во 2018 година, додава ДПА, во Индија во сообраќајни несреќи загинале речиси 149.000 лица, покажуваат податоците на владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот