Се разведува Ненад Пагонис од „Твоето лице звучи познато“ (ФОТО)

Instagram

Повеќекратниот шампион на Европа во кик бокс, Ненад Пагонис (32) и неговата сопруга Маја Брукнер (37) се разведуваат по 9 години заеднички живот.

Ненад и Маја ги имаат ќерката Теса и синот Владимирос, а Пагонис заедничкиот дом го напуштил пред неколку дена.

https://www.instagram.com/p/Bpq9eOdnn-e/?utm_source=ig_embed

Расправиите меѓу нив наводно во последно време станале многу чести и решиле секој да продолжи по својот пат, пишува Стил.курир.рс.

Во изминативе неколку години тие неколкупати се разделувале и се смирувале, а во една прилика на шега, на прашањето како се согласуваат, рекле како „рогови во вреќа“.

Ненад Пагонис е еден од учесниците во забавната емисија „Твоето лице звучи познато“, во која настапува и нашиот Даниел Кајмакоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот