Се работи на оспособување на поплавениот пат Градско – Прилеп

Фото: МИА

Интензивно се работи на воспоставувањето на сообраќајот по поројните дождови со наноси кои од рано изутрината, повеќе од осум часа го прекинаа сообраќајот на патот Градско – Прилеп кај Фаришката клисура.

На теренот се екипите и механизацијата на компанијата „Синохидро“ за да се расчисти уништениот дел.

Како што објаснуваат од ЈП за државни патишта поплавена е девијацијата на патот Градско – Прилеп во делот каде се изведуваат градежните работи кај Фаришката клисура каде „Синохидро“ изведува градежни работи на експресниот пат, односно каде се пробиваат тунелите.

Сега со багери се пробива делот од стариот пат што беше затрупан за да се воспостави сообраќајот. Колоните возила чекаат да се оспособи патниот правец. Возачот на камион со приколка Љупчо Талевски од Битола вели дека од 6 часот изутрината чека да се оспособи патот.

„Од 6 часот изутрината чекаме. Водата и наносите од поројните дождови си го направија своето. Таа си има свој пат, а тоа што го правеле како привремено решение не е со доволен испуст на вода. И сега чекаме да се оспособи“, вели Талевски.

Најавите од ЈП за државни патишта се дека попладнево ќе биде оспособен патот.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот