Се продава ремек-делото на Пикасо: Се очекува да достигне цена од 120 милиони долари

„Жена со часовник“ - Пикасо/ Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Ремек-делото на Пабло Пикасо од 1932 година, „Жена со часовник“ (Femme A La Montre) ќе биде изложено во „Сотби“ во Лондон и се проценува дека на аукција ќе достигне цена од повеќе од 120 милиони долари, пишува „Дејли меил“.

Делото беше во сопственост на патронот и колекционер Емили Фишер Ландау, а ја прикажува „златната муза“ на Пикасо, Мари-Терез Волтер, жена со која тој бил во врска и која била тема на многу негови портрети.

Маслото на платно е дел од изложбата „The Emily Fisher Landau Collection: An Era Defined“, која се одржува во „Сотби“ од 7 до 11 октомври. Фишер Ландау купила слика на Пикасо во 1968 година на почетокот на нејзиното колекционерско патување. Патувачката изложба ќе биде отворена и во Париз, Тајпеј и Лос Анџелес, а веќе била во Дубаи и Хонг Конг.

„Жена со часовник“ – Пикасо/ Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Колекцијата на г-ѓа Фишер Ландау вклучува дела од американскиот сликар и скулптор Џаспер Џонс, холандско-американскиот уметник Вилем де Кунинг, американскиот сликар и графичар Роберт Раушенберг, апстрактниот сликар Марк Ротко, како и Едвард Руша и Енди Ворхол, кои и двајцата биле поврзани со движењето поп-арт.

Колекцијата, која се проценува дека ќе достигне цена од повеќе од 400 милиони долари, ќе биде понудена на продажба во „Сотби“ во Њујорк на две аукции на 8 и 9 ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот