Се продава куќата на Фреди Меркјури: Оаза на мирот во луксузна населба каде пејачот ги поминал последните денови од животот

Фото: Profimedia

Куќата на Фреди Меркјури во Лондон, каде ја помина последната деценија од својот живот, е на продажба, но агентите нагласуваат дека новиот купувач нема да може да ги добие работите на легендарниот пејач.

Гарден Лоџ, куќа со цигла во луксузниот кварт Кенсингтон, е проценета на 30 милиони фунти, но сè уште не е јавно понудена.

Меркури ја купи куќата во 1980 година, истата година кога излезе „The Game“, познатиот албум на групата „Квин“ и ги освои сите топ листи, пишува „Асошиејтед прес“.

Според биографијата на пејачот, тој имотот го платил во готово во износ од над половина милион фунти.

„Ја видов куќата, се заљубив во неа и за половина час беше моја“, пишува „Интимна биографија на Фреди Меркјури“.

Пејачот ја реновирал куќата и ја наполнил со скапоцени уметнички дела, меѓу кои и дела на Пикасо, Дали и Матис.

„Сакам да бидам опкружен со необични работи. Сакав да водам викторијански живот, опкружен со екстравагантни ситници“, рече Меркјури своевремено.

Музичарот почина во 1991 година, во таа куќа, на 45-годишна возраст.

Вилата, како и целиот имот, ја оставил на својата блиска пријателка и поранешна партнерка Мери Остин, која живеела во неа. Таа досега продаде делови од својата колекција, како сценски костими, ликовни уметности и ракописи од песните на Меркјури, за милиони фунти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот