Се откажаа од шоубизнисот, а заработуваа стотици илјади долари: Погледнете со што се занимава менаџерката на Тоше Проески (ФОТО)

Фото: Марина Лопчиќ

Шоу-бизнисот е многу привлечна професија кое носи многу бенефиции, но и одзема многу од приватниот живот. Меѓутоа има многу кои не можат да го издржат пристисокот, па се посветуваат на други помирни работи.

Лилјана Петровиќ беше менаџерка и најдобра пријателка на нашиот Тоше Проески. Со него беше и во автомобилот во кој тој загина пред 12 години, а цела една деценија одбиваше да го посети неговиот гроб, бидејќи и било тешко да се соочи со губитокот. Петровиќ денеска се занимава со работа која нема допирна точка со естрадата. Денес таа живее во село во близина на градот Ниш и одгледува лаванда.

Фото: Азра.ба

Фреди Принц Џуниор и Дара Мишел Гелер беа сон на сите тинејџери и најубав холивудски пар. Тие режираа успешни филмови, а во врвот на популарноста одлучија да побегант од шоу бизнисот. Двајцата денеска се занимаваат со кулинарство. Имаат две деца и живеат далеку од гламур и луксузен живот.

Фреди Принц Џуниор и Дара Мишел Гелер
Фото: Принтскрин

Марко Јанковиќ – 187 беше член на некогашната рап група 187. Кога ја прекина музичката кариера, тој се посвети на графички дизајн. Денес тој работи за бројни компании.

Фото: Принтскрин

Ангус Т. Џонс ѕвездата од „Два ипол мажи“ кој заработуваше 350.000 долари по епизода, ја прекина кариерата и се посвети на верата. „Не можам да бидам човек на Господ и да глумам во таа серија“ – изјавил Ангус..

Фото: Принтскрин

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот