Се огласија од Бакингемската палата: Кралот Чарлс е горд на Кетрин и останува во контакт со саканата снаа

Фото: Peter MacDiarmid / Shutterstock Editorial / Profimedia

Обединетото Кралство, како и целиот свет, вечерва останаа шокирани од објавата дека Кетрин, принцезата од Велс, има рак.

„Ни требаше време да им објасниме на Џорџ, Шарлот и Луис, на начин кој е прилагоден на нив, и да ги увериме дека ќе бидам добро. Како што им реков и на нив – јас сум добро и секој ден сум сѐ посилна и сѐ посилна, така што се фокусирам на нештата кои ми помагаат да се излечам во телото, умот и духот. Тоа што го имам Вилијам покрај себе ми е голема утеха и охрабрување“, изјави Кејт.

Принцезата откри и дека прават „сѐ што можат за да го решат ова приватно за доброто на нивното семејство“.

Во  обраќањето, идната кралица откри дека по успешната операција на абдоменот, која ѝ беше извршена во јануари, ѝ бил дијагностициран рак и дека лекарите ја советувале да оди на превентивна хемотерапија.

Во меѓувреме, се огласија и од Бакингемската палата, од каде потенцираа дека кралот Чарлс Трети е горд на својата снаа.

„Кралот е горд на Кетрин за нејзината храброст да зборува за нејзината дијагноза и останува во близок контакт со нејзината сакана снаа“, се вели во соопштението од Бакингемската палата.

Исто така, кралот Чарлс ја посетил својата снаа во болница и поминал извесно време со неа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот