Се огласи потпретседателот Пенс: Им посакувам брзо закрепнување на претседателот и првата дама

Американскиот потпретседател Мајк Пенс упати желби за брзо закрепнување за претседателот Доналд Трамп и првата дама Меланија, откако тие објавија дека се позитивни на коронавирусот.

Доналд Трамп и Меланија позитивни на ковид-19

Пенс преку Твитер посака претседателот Трамп и првата дама Меланија да закрепнат набргу.

Карен и јас испраќаме љубов и молитви за нашите прекрасни пријатели Доналд Трамп и Меланија. Се придружуваме на милионите ширум САД кои се молат за нивно брзо закрепнување. Господ да ги благослови претседателот Трамп и нашата прекрасна прва дама Меланија, напиша Пенс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот