Се огласи Грета за хаосот во Америка: Младата активистка го осуди расизмот!

Profimedia
Profimedia

Младата активистка зборуваше за немирите во градовите ширум САД.

Американската борба за расната правда после убиството на Џорџ Флојд, е дел од борбата против климатските промени и за социјалната правда која не обединува сите нас, изјави денес активистичката за климатски промени, Грета Тунберг.

– Мора да бидеме обединети и да запомниме дека борбата за социјална правда, правдата за животната средина, расната и климатска правда е иста борба – одговори Тунберг на новинарско прашањето, за поврзаноста помеѓу нејзиното движење и протестите во САД против расизмот.

17-годишната Швеѓанка разговараше со новинарите на настанот наменет за собирање медицинска помош за Бразил, кој е тешко погоден од пандемијата на коронавирусот.

Тунберг е позната по тоа што ги критикуваше светските лидери за неактивност во областа на климатските промени, а сега поради протестите ширум САД и пандемијата на коронавирусот, ја прошири својата порака.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот