Се одржа најголемиот онлајн-настан за континуирана медицинска едукација во државата

Заврши досега најголемиот одржан онлајн Конгрес на лекари во земјава. На овој едукативен медицински настан, со повеќе од 700 учесници и врвни предавачи од сите дејности во медицината, од нашата земја и од странство, а во организација на Македонското лекарско друштво, во соработка со Медицинскиот факултет „Св. Кирил и Методи“, беа презентирани исто толку трудови со актуелни теми за третман и лекување на одделни заболувања.

Секако, поради актуелната состојба на пандемија предизвикана од COVID-19, голем дел од презентерите се осврнаа и со најнови сознанија, истражувања и третмани на пациентите во лекувањето од овој смртоносен вирус.

Во овие вонредни услови, 20-тиот Конгрес на лекари на Македонско лекарско друштво, кое на овој начин го одбележа и 75-годишниот јубилеј од постоење, беше извонредна можност за стекнување на нови знаења и размена на искуства. Виртуелната комуникација меѓу досега најголем број на пријавени лекари-учесници барем на кратко им го разведри секојдневието, во која тие ја водат најголемата битка за спасување на животите на болните од COVID-19.

Сите меѓусебно си посакаа добро здравје и наредниот Конгрес на лекари на МЛД да се одржи во нормални услови и со дружење во живо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот