Се ближи и тој ден кога Ѓоковиќ ќе го престигне Сампрас

Моментно Новак Ѓоковиќ има 9.720 илјади поени, пред второпласираниот Рафаел Надал (9.395), а на третата позиција е Рожер Федерер (7.130).

Српскиот тениски ас со освојувањето на „Австралија опен“ експресно се врати на светскиот трон, а денеска ја започна 278. недела на првото место на АТП ранг листата.

Моментно Новак Ѓоковиќ има 9.720 илјади поени, пред второпласираниот Рафаел Надал (9.395), а на третата позиција е Рожер Федерер (7.130).

Ѓоковиќ ја започна 278. недела на првото место на АТП листата, додека легендарниот тенисер Пит Сампрас сега му „бега“ осум недели, односно Американецот во својата кариера беше 286. недели на првото место на АТП.

На оваа листа на врвот е Швајцарецот Федерер кој првопласиран беше 310. недели.

Доколку сака да го престигне Сампрас, тогаш Ноле ќе мора да биде прв барем до 20. април (286), а доколку сака да го престигне Федерер, тогаш ќе му биде потребно непрекинато да биде на врвот до 5. октомври (310).

На женската ВТА листа моментно на првото место со 8.367 поени е Австралијката Ешли Барти, пред Симона Халеп од Романија (5.796) и Каролина Плишкова од Чешка (5.290).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот