СЕ БЕШЕ ГОТОВО ЗА 20 СЕКУНДИ, му немаше спас: Вака настрада раперот Гру!

Попладнево во Земун загина познатиот српски рапер Далибор Андонов – Гру. Тој веше љубител на ектремните водени спортови, особено на кајтинг, комбинација на сурфање и параглајдеризам врз површината на водата.

Гру го поминал целото лето спортувајќи на Дунав и бил доста искусен спортист.

Како што очевидец раскажува за српски „Курир“, денешната несреќа се случила многу брзо. Силниот ветер го изненадил раперот и буквално неколку пати го кренал во воздух и го потопил во вода.

„Пет пати во 20 секунди ветрот го крена, па го давеше во вода. Не стигна да се одврзе, готов беше уште тогаш“, раскажува сведокот, додавајќи дека раперот бил одличен возач.

Телото на раперот беше извлечено од водата од страна на неговите пријатели. Тие со часови го чувале додека траел полицискиот увид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот