Се бара притвор за мајката-монструм од Скопје, која ги претепа децата стари четири и пет години

Фото: pickpik.com

Oсновното јавно обвинителство Скопје соопшти дека повело постапка против 34-годишна жена за која постои основано сомнение дека ги претепала двете сопствени мали деца.

„Осомничената, на 7 мај во вечерните часови, во станот во кој престојувала на улицата „Орце Николов“ во Скопје, при вршење семејно насилство телесно ги повредила своите деца на возраст од 5 и 4 години. Таа ги удирала децата по телата и главите, нанесувајќи им повеќе телесни повреди – хематоми“, велат од ЈО.

34-годишната Б.И. беше уапсена вчера, а децата се згрижени од Центарот за социјални работи.

Обвинителството додава дека во случајот постојат очигледни околности кои на јавниот обвинител му укажуваат дека постои опасност осомничената да се даде во бегство доколку биде пуштена да се брани од слобода, поради што до судот е предложено да ѝ биде одреден притвор.

Мајка си ги нападнала децата: Полицијата ја уапси, а децата се згрижени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот