Мајка си ги претепала децата: Полицијата ја уапси, а децата се згрижени

Насилство врз деца, илустрација/Фото: МИА

Полицијата вчера ја уапсила 34-годишната Б.И., која е осомничена дека физички ги нападнала и ги повредила своите две малолетни деца.

Како што соопштија од МВР, Б.И. е задржана во полициска станица, а децата се згрижени од Центарот за социјални работи.

На 8 мај, во 22.10 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода Б.И. (34). Таа се сомничи дека во домот во кој престојуваат физички ги нападнала своите две малолетни деца. Б. И. била задржана во полициска станица, а децата биле згрижени од Центарот за социјални работи, се вели во соопштението од МВР.

Против осомничената ќе биде поднесена соодветна пријава.

Се бара притвор за мајката-монструм од Скопје, која ги претепа децата стари четири и пет години

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот