Се апсеа луѓе кои учествуваа на антивладини протести во Тел Авив

Фото: Твитер, @TreyYingst

На синоќешните антивладини протести во Тел Авив беа уапсени 21 лице поради „незаконско собирање“ и нарушување на јавниот ред и мир, соопшти израелската полиција.

„За жал, денеска видовме голем број демонстранти кои дојдоа со цел да се пресметаат со полицијата, а не поради легитимен протест, се додава во соопштението.

Полициските сили во Тел Авив употребија водени топови за да ги растераат демонстрантите на тротоарот на улицата Каплан.

На видео снимка се гледа како полицајци ги туркаат демонстрантите со факели кои се обидуваат да ја пробијат полициската блокада додека извикуваат „Вие сте главен, вие сте виновен“, мислејќи на премиерот Бенјамин Нетанјаху, јави „Тајмс оф Израел“.

Според полицијата, демонстрантите ги блокирале патиштата во области надвор од претходно одобрените граници на протестот.

Демонстрантите повикаа на ослободување на заложниците кои ги држи палестинската милитантна група Хамас.

„Израелските војници нема да ги ризикуваат своите животи на бојното поле доколку не бидат вратени заложниците кои се држат во Газа“, рече Амирам Левин, генерал-мајор на резервните сили, обраќајќи се пред толпата граѓани во Тел Авив.

Левин, поранешен командант на Северната команда на израелските одбранбени сили и заменик-шеф на Мосад, повика на враќање на 134 заложници за кои се верува дека ги држи Хамас во Газа.

– За жал, се соочуваме со период на војна, можеби и сериозна, и ќе ни треба силна војска и илјадници борци подготвени да ги ризикуваат своите животи на бојното поле, но без морална победа, тоа нема да се случи, рече Левин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот