СДСМ: СОНК уценува и настапува политички, нема формален основ за штрајк

СДСМ партиска зграда / фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Денешниот настап на раководството на СОНК наликува на политички настап, со политичка агенда и уцени кои се на штета на децата, на учениците и на образовниот процес. Одбивањето на раководството на СОНК за зголемување на платите во висина од 10 отсто, односно плати повисоки од 2.500 до 3.000 денари по вработен, во време на криза и законски рокови за усогласување на платите кои не се истечени, го потврдува тоа, реагира СДСМ на денешната прес-конференција на СОНК.

Според владеачката партија, раководството на СОНК нема формална основа за штрајк, затоа што согласно Законот за минимална плата усогласувањето на платите се врши во рок од 6 месеци, што значи штрајк пред овој рок е смислена уцена.

„Правото на штрајк е загарантирано, но загарантирано е и правото на образование на учениците. Правата на децата се над сѐ“, велат од СДСМ.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, денеска соопшти дека продолжува штрајкот во образованието и науката.

„Понудените 10% зголемување на платите во образованието од Владата се бетонираат и не се остава простор по ова прашање. Советот на СОНК веднаш ќе го прекине штрајкот доколку Владата ги усогласи платите. Советот на СОНК бара интензивирање на преговорите. Конечниот договор ќе се регулира со спогодба меѓу двата социјални партнери. Штрајкот продолжува се додека не се договориме со надлежните по ова прашање“, рече Неделков пред присутните новинари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот