СДСМ: Пресудата за случајот Таргет-Тврдина е удар врз остатоците на режимот на ВМРО-ДПМНЕ

Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ/Фото: СДСМ

Времето на неказнивост, на привилегирани над Законот, заврши. Правдата е тука и е еднаква за сите. Пресудата против обвинетите во предметот Тврдина – Таргет е потврда дека е судството е ослободено, дека е крај на партизирани пресуди и обвиненија по нарачка, потврда дека правосудниот систем, како независна власт , ги има сите услови да води истрага и процеси без влијанија, без притисоци,  да спроведува обвинителска и судска постапка во која најважни се доказите и законите, за секого подеднакво, изјави Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ.

Според неа во Република Северна Македонија се случува правда, законите важат за сите подеднакво.

-Изречената прва пресуда за нелегалното прислушување што Сашо Мијалков и врвот на ВМРО-ДПМНЕ го правеле со години е правда за над 20.000 граѓани, кои незаконски биле прислушувани во тие години, само затоа што не мислеле и не делувале како врвот на ВМРО-ДПМНЕ, биле на нивниот список на неподобни. Оваа пресуда е силен удар кон остатоците на режимот на ВМРО-ДПМНЕ спроведуван од Груевски, Мијалков, Јанкуловска и многу други, а кој се уште од поединци, се одржува жив во Белата палата. Очекуваме и сите други случаи и предмети, коишто се покренати од Специјалното јавно обвинителство и од другите обвинителства, да добијат разрешница и одговорните да бидат соодветно казнети, рече Кузеска.

Таа додаде дека пресудата за случајот Таргет – Тврдина ги потопи лагите на ВМРО ДПМНЕ и на извршителот на Мијалков и Груевски, Христијан Мицкоски.

-Мицкоски не успеа да го спаси криминалот на ВМРО ДПМНЕ и сите обиди тоа да го направи му се поразени. Мицкоски е поразен од правдата, поразен од граѓаните. Времето на заробена држава од поединци, само за свое лично богатење, заврши. И тоа е најголемиот пораз на ВМРО ДПМНЕ.  Да се создадат услови за чист пат за правдата не беше лесно, но сега конечно правдата е тука и јавноста уште ќе биде сведок на спроведување правда еднакво за секој, нагласи Кузеска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот