СДСМ: На Мицкоски во јуни и на „дата икс” изборен пораз не му бега

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат Собрание, не сакаат избори, не сакаат институции со полн легитимитет, не сакаат економијата да заживее, не сакаат здрвјето на граѓаните да биде обезбедено, не сакаат државата да оди напред, стои во партиското соопштението од владејачката партија СДСМ.

-Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да создадат политичка криза од која се надеваат дека ќе профитираат. Но, СДСМ и граѓаните тоа нема да го дозволат. Граѓаните добро го паметат неодговорниот однос на Мицкоски за цело време на коронакризата. На почетокот Мицкоски се потсмеваше и ја потценуваше здравствената закана од коронавирусот, со изјави дека СДСМ посакувала да се случи пандемијата. Ширеше  Мицкоски лажни вести дека има само 100 тестови за корона, а потоа десетици илјади граѓани се тестираа. Мицкоски лажеше дека има 140.000 работници без работа а вистината е дека се околу 8.000. Работеше против министерот Венко Филипче и му поднесуваше кривични пријави- стои во соопштението.

Сега ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, велат оттаму, сакаат да создадат политичка криза и да ја отежнат, да ја продлабочат економската криза, тоа е нивната стратегија која нема да успее.

-СДСМ, граѓаните, државата, нема да дозволи еден неподготвен и неспособен политичар како Мицкоски да ја попречува новата нормалност, да одолговлекува целосна функционалност на институциите во земјава и да спречува создавање услови за трансформација на економијата.
Едно е јасно, и во јуни и на „дата икс” на Мицкоски изборен пораз не му бега- стои во соопштението од Центар за  комуникации со јавност на СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот