СДСМ: Ковачевски не е дел од сопствеништвото на Пиксел груп, ВМРО-ДПМНЕ фабрикува лаги

Пратеничката Даниела Марковска од СДСМ негира дека премиерот Димитар Ковачевски има удел во „Пиксел груп“, фирма за која опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека е во сопственост на премиерот и дел од шема за залоупотреба.

– Конкретно за оваа компанија „Пиксел Гроуп Доо Скопје“, Димитар Ковачевски не е дел дел од сопственичката структура, ниту пак  е сопственик. Уште на ден 28.09.2020 година Димитар Ковачевски во целост го повлече износот на финансиските средства вложени за обезбедување на почетната ликвидност на компанијатa.  Тоа е јавно соопштено, за да може целосно да се посвети на функцијата која што тогаш ја извршуваше, заменик министер за финансии. Сето ова може да види и во анкетниот лист на премиерот. Очајно е ВМРО-ДПМНЕ, го напаѓа претседателот Ковачевски затоа што е чесен и затоа што работи за граѓаните додека Мицкоски се кара за тендери и провизии. Фатени со рацете во медот за тендер од 136 милиони евра ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Мицкоски продолжуваат со фабрукување лаги и невистини за претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски. Дека станува збор за фабрикувана манипулацијата на ВМРО-ДПМНЕ се гледа и од тоа што споменуваат државна помош за компаниите, којашто се однесува на сите компании кои исполниле услови – рече Марковска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот