Сари: Италијанскиот фудбал доцни 30 години зад европскиот, стадионите ни се катастрофа

Тренерот на Лацио, Маурицио Сари/ фото: EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

Фудбалската репрезентација на Италија по поразот од Македонија по втор пат по ред нема да биде дел од Светското првенство, а тренерот на Лацио, Маурицио Сари смета дека италијанскиот фудбал доцни зад европскиот едно три децении.

По поразот од Македонија, медиумите во Италија фрлаа дрва и камења по репрезентативците што предизвика Чиро Имобиле, Жоржињо и Џорџо Кјелини да одлучат да стават крај на репрезентативната кариера, но Сари смета дека играчите не се виновни за поразот, туку главен виновник е системот бидејќи речиси ништо не се инвестира во последните неколку децении.

– Доцниме 30-35 години зад останатите европски фудбалски земји. Никој не зборува за тоа во каква состојба ни се стадионите, тренинг центрите… А кога ќе почнам да зборувам за тие работи, сите велат дека кукам. Но, доколку погледнете натпревар од Бундеслигата каде стадионите се модерни и исполнети до последно место и натпревар од Серија А ќе се запрашат: Што по ѓаволите гледам – вели Сари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот