САРА ЏО ВО СВЕТСКИ ФАЗОН! Од глава до пети во чекор со најновите трендови

Фотографија: Instagram

Сите обожаваат како младата српска пејачка Сара Џо ги следи светските трендови и прилагодува на себе.

Потполно сме сигурни дека овој моден фазон највеќе ѝ одговара. Погледнете ја подобро, младата пејачка на себе носи упадливи наочари и велосипедски шорцеви кои самите по себе секогаш „штрчат“, гломазни патики, наочари кои измамуваат сечиј поглед, а сè тоа на неа е складно, па дури и елегантно изгледа.

Трикот е во белата боја, прошарана со црни детали. Сара, која пред некоја вечер се претстави на публиката на „Sneakerville“ фестивалот во Белград (интерактивен фестивал на музиката, спортот и модата) токму во оваа комбинација, би била спремна и за светската сцена, бидејќи ова е моментално моден тренд без конкуренција.

View this post on Instagram

@fantasy.plandiste stižu vam Paviljoni ?

A post shared by Sara Jo (@sarajoofficial) on

Тоа што е најбитно кај Сара е што таа совршено ги спојува музиката и модата. Таа го носи тоа што совршено одговара со нејзиниот жанр на музика.

Поради тоа остава силен моден впечаток. Кога ќе се појави, сè заедно има одлична смисла.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот