Санкционирани над 200 возачи за брзо возење на територија на цела држава

Контрола на брзината на возење. / Фото; МВР

Во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, во текот на вчерашниот ден санкционирани се 227 возачи.

Како што денеска соопштија од МВР, од нив осум возило се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движело дури со 70 километри на час над дозволеното. Притоа, 91 возило ја пречекориле брзината во населено место, а 136 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот