Сањол не стравува од „црвено-жолтите“: Грузија оди на победа и против Македонија

Селекторот на Грузија, Вили Сањол/фото: EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Репрезентацијата на Грузија во голем стил ги започна настапите во Лигата на нации, во првите два натпревари оствари две победи над Гибралтар и над Бугарија, и на 9 јуни во Скопје и гостуваат на Македонија во дерби пресметката од групата 4 во дивизијата Ц.

Грузијците импресионираа со вчерашната убедлива победа од 2:5 во Разград против Бугарија и пред дерби пресметката со Македонија се лидери на табелата со максимални шест бодови, додека „црвено-жолтите“ имаат четири бода и се втори на табелата.

Селекторот на Грузија, Вили Сањол најави дека неговите фудбалери и во Скопје ќе играат на победа.

– Ова е одличен резултат за нас. Тоа ни ја зголемува самодовербата пред наредните натпревари. Ефикасноста беше на завидно ниво, одигравме еден квалитетен меч, но сега тоа мораме да го заборавиме и да се фокисираме на следниот предизвик. Би сакал и таму да победиме, тоа би била веќе голема позитивна серија. Но, прво да се одмориме и добро да се подготвиме – рече Вили Сањол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот