Сампдорија не ја прифати оставката на Дејан Станковиќ

фото: EPA-EFE/Simone Arveda

Интересен пресврт во Сампдорија, иако Дејан Станковиќ поднесе оставка до првите луѓе на италијанскиот фудбалски клуб, ситуацијата во тимот е смирена и дека српскиот тренер ќе остане на тренерската клупа до крајот на сезоната. Оваа информација ја пренесе секогаш добро информираниот Џанлука Ди Марцио.

Станковиќ има активен договор со Сампдорија до 30 јуни 2023 година, а постои и опција за продолжување на соработката на уште една година, но тоа дефинитивно не е најважното нешто во клубот во моментов.

Владее финансиски хаос, но и страв од испаѓање од Серија А, иако фудбалерите на Станковиќ имаат уште математички шанси за опстанок.

Ниту резултатите на Сампдорија не се најдобри, од 8 до 22 април кога Сампдорија беше поразена од Кремонезе и ремизираше со Специја и Лече.

Станковиќ ја предводеше до сега Сампдорија во 26 натпревари со скор од четири победи, шест нерешени и 16 порази во сите натпреварувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот