Дејан Станковиќ поднесе оставка после дебаклот на Сампдорија против Фиорентина во Серија А

фото: EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Тренерот на Сампдорија, Дејан Станковиќ поднесе оставка после високиот пораз на неговиот клуб од Фиорентина (5:0) во 32 коло од најдобрата италијанска лига.

Сампдорија е последнопласирана на табелата во Серија А со само 17 бодови и е блиску до преселба во понизок ранг. Српскиот стратег вели дека не треба да се обвинуваат играчите, туку дека одговорноста е негова, пренесуваат италијанските медиуми.

– Доколку јас сум проблемот, добро, го прифаќам тоа достоинствено и гордо. Дадов сè од себе и не се каам, би го направил истото и 100 пати би бил на исто патување – се зборовите на Станковиќ.

Србинот во соблекувалната им ја објаснил својата одлука на играчите, а во текот на денот раководството на клубот треба да се изјасни дали ја прифаќа неговата оставка.

Станковиќ на клупата на италијанскиот тим пристигна во октомври, откако претходно ја напушти Црвена звезда по елиминацијата од Макаби Хаифа во плеј-офот за Лигата на шампионите. На 26 натпревари на клупата на Сампдорија оствари само четири победи, шестпати ремизираше и претрпе 16 порази.

ВИДЕО | Горан Пандев поздравен со овации пред натпреварот Интер – Лацио

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот