САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ ОБВИНУВА: Имаше политички упад за промена на изборните резултати во Косово

Партијата Движење Самоопределување (ВВ), која победи на вонредните парламентарни избори одржани во Косово на 6 октомври, објави денеска дека започнала да собира докази за политичко интервенирање за промена на волјата на гласачите и најави мерки против одговорните за таквото прекршување на Уставот и законите, јави дописникот на МИА од Приштина.

Реакцијата на ВВ уследи по вчерашната одлука на Врховниот суд на Косово за прифаќање на барањето на коалицијата на досега владејачките партии Социјалдемократска иницијатива (Нисма) и Алијанса ново Косово (АКР) за бришење од конечните изборни резултати на гласовите од Србија. По ваквата одлука, Нисма – АКР го надмина изборниот праг од пет отсто и освои шест места во новото Собрание на Косово, со што автоматски се намали бројот на пратеници на ВВ од 32 на 29.

Прочитајте и...  Нов мурал во Зоолошка градина

„Евидентно е дека официјални лица и судии од институциите потпаднаа под политичко влијание во донесувањето на последните одлуки, со намера да се сменат резултатите на изборите од 6 октомври. ВВ собира факти и докази за политичкиот упад во донесувањето на таквите одлуки и ќе се погрижиме сите тие официјални лица опфатени со овој упад за одлуки кои би требало да бидат засновани на законите и Уставот, да одговараат пред законот“, се вели во денешното соопштение на ВВ.

Партијата на Албин Курти исто така бара од Централната изборна комисија (ЦИК) да гарантира прецизно пребројување на гласовите од 1.428 гласачки места, што го наложи Изборниот панел за поплаки и претставки (ПЗАП).

„ЦИК започна со пребројување на 1.428 гласачки кутии, што претставува околу 60 отсто од вкупните гласови. Пребројувањето треба да се изврши на професионален и непристрасен начин, согласно законот и процедурите. Гласачите ја искажаа нивната волја и додека не заврши пребројувањето на сите кутии до последниот глас, резултатот останува оној што го објави ЦИК,“ се вели во соопштението на ВВ.

Прочитајте и...  Покрената истрага против поранешен босански министер: Правел пена-забава во река, пуштил хемикалии во реката (ВИДЕО)

ЦИК на 7 ноември ги објави конечните резултати, според кои ВВ освои 32 пратенички места во новиот Парламент на Косово.

Во понеделникот, на 11 ноември, ПЗАП го прифати барањето на коалицијата Нисма – АКР за бришење на гласовите од Србија, а вчера, 14 ноември, Врховниот суд ја одби жалбата на ВВ на одлуката на ПЗАП.

Со одлуката на Врховен, Нисма – АКР, која со конечните резултати на ЦИК немаше ниеден пратеник, сега обезбедува шест пратенички места, со што, по автоматизам, бројот на пратеници на ВВ се намали на 29, а по еден пратеник помалку ќе имаат уште три други политички субјекти. Конкретно, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) ќе има 28 наместо првичните 29, Демократската партија на Косово (ПДК) од 25 сега останува со 24, додека Алијансата за Иднината на Косово (ААК) наместо 14 сега ќе има 13 пратеници.

Прочитајте и...  Во Франција приведено лице, имал педофилски страници на тајни мрежи

Прочитај повеќе

Франција им оддаде почит на сите кои се бореа против коронавирусот

Михаило Донев

Апел за заштита на новинарите и медиумските работници за време на изборниот процес

Слободен печат

Искористи ги летните викенди за брза и интересна преобразба на домот

СП.

Русија за прв пат бележи поголеми приходи од златото отколку од гасот

Слободен печат

Јапонски пратеник призна дека примил мито од кинеска компанија

Слободен печат

Франција со реципрочен одговор за Кина, го ограничи бројот на летови на кинески авио – компании

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Гласањето на болни и изнемоштени во Делчевско се одвива во најдобар ред

Слободен печат

Скандал на еден од најпрестижните британски универзитети: Десетина жени тврдат дека биле силувани (ФОТО)

Слободен печат

ЗАСТРАШУВАЧКИ ПРОГНОЗИ: Најлошото сценарио за Велика Британија е 120.000 мртви од Ковид-19 во вториот бран

Слободен печат

Од утре граѓаните ќе може да ги користат ваучерите за летување

Слободен печат

На денот на изборите ќе работат три билетарници на ЈСП

Слободен печат

Хрватска во паника: За три недели можно е 2.000 новозаразени, за еден месец 5.000

Слободен печат