Само вакцинирани тенисери ќе можат да играат на Ролан Гарос

На Ролан Гарос ќе играат само вакцинирани тенисери/ фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Тоа што пред неколку дена беше најавено, сега е официјално, АТП им соопшти на тенисерите дека само вакцинирани тенисери ќе можат да играат на турнири во Франција, вклучувајќи го и Ролан Гарос.

Тениската федерација на Франција го известила АТП дека наскоро ќе биде усвоен законски акт со кој се забранува учество на невакцинирани спортисти во Франција.

Најверојатно учество на турнирите во Франција ќе им биде забранет и на тенисерите кои прележале ковид-19 во последните шест месеци, но не се вакцинирани барем со една вакцина.

„Засега е нејасно дали ќе им се дозволи настап на тенисерите кое прележале ковид-19, но не примиле барем една доза вакцина“, стои во дел од дописот кој АТП им го испрати на сите тенисери.

Единствен начин невакцинирани тенисери да настапат на турнирите во Франција е да имаат сертификат кој потврдува дека од медицински причини не смеат да примат вакцина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот