Самиот си ја бара казната, Кирјос „лета“ од тенисот!?

twitter.com/BBCSport

Ник Кирјос на прес конференцијата после мечот од првото коло на УС Опен, во кое го совлада Стив Џонсон, на едно прашање што мисли за казната од 100.000 илјади долари која што му беше одредена поради кршењето на два рекети на турнирот во Синсинати, рече дека тоа „воошто не го интересира, бидејќи АТП е прилично корумпиран“.

Новинарот потоа на пресот инсистираше да му се објасни што мисли Австралиецот под зборот „корумпиран“.

– Зошто воопшто зборуваме за нешто што се случило пред три седмици, а штотуку триумфирав во првото коло на УС Опен? – рече Кирјос и го заврши интервјуто.

И во минатото бил често казнуван поради неговите реакции, доби суспензија во 2016, а сега се најавува дека би можел да биде суспендиран од една до три години поради неговите зборови кон челниците на светскиот тенис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот