Салвини до Гир: Со ПРИВАТНИОТ АВИОН однеси ги мигрантите во Холивуд

ричард гир

Италијанскиот вицепремиер Матео Салвини на Ричард Гир му порача дека со приватниот авион може да ги земе мигрантите и да ги однесе во Холивуд.

Ваквата реакција доаѓа по пораката на Гир италијанската влада да престане да ги демонизира луѓето и да им помогне на мигрантите.

Гир, во знак на поддршка, вчера ги посети мигрантите на бродот „Open arms“ („Oтворени раце“).

Салвини иронично го нарече Гир дарежлив милионер и му се заблагодари на актерот што изразил загриженост за судбината на мигрантите на бродот „Open arms“.

„Тој можеше да ги одведе во Холивуд со неговиот приватен авион и да ги згрижи во неговите вили. Фала ти Ричарде“, рече Салвини во изјава која ја пренесоа британски медиуми.

Гир претходно на прес-конференција на италијанскиот остров Лампедуза ја спореди политичката ситуација во Италија со онаа во САД во контекст на бегалците од Мексико, Никарагва и Ел Салвадор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот