Сагадин: Балканската кошарка заостанува зад европската и не се произведуваат млади играчи

фото: принтскрин/youtube.com/@Nova24TVSlovenija

Змаго Сагадин (70) е еден од шесте основачи на регионалното кошаркарско натпреварување, АБА лигата. Словенецот е познат по тоа што успеа во кариерата да помогне во развојот на доста познати кошаркари како Бено Удрих, Примож Брезец, Боштјан Нахбар, Шарунас Јасикевичиус, Јири Велш, Сани Бечировиќ, Владо Илиевски, Грегор Фучка, Клемен Препелич и др.

Сагадин, инаку поранешен тренер на МЗТ Скопје Аеродром, за „antenazadar.hr“ изјави дека АБА лигата ќе изумре:

– Таа лига на крајот ќе згасне! Најмногу поради тензиите во Србија. Хрватските клубови не се конкурентни и повеќе не се борат за високи места во АБА-лигата, туку само за опстанок и останување во регионалното натпреварување. Доколку хрватските клубови се фокусираат само на хрватското првенство, во тој случај можат само да стават „клуч во бравата“! Слично е и во Словенија. Вистински контакт со европската кошарка веќе нема. Балканската кошарка заостанува зад европската, освен Партизан и Црвена звезда, другите клубови не се конкурентни – вели Сагадин.

Тој истакна дека е доказ дека може да се направи врвен резултат и кога во преден план ќе се стават двајца млади играчи. Но, нагласи и дека нема тренери подготвени за ваков потег, бидејќи немаат поддршка од управата. Тој го образложи својот став за примерот на клуб од Далмација.

– Да веруваа младите играчи кои си заминаа од Задар дека ќе влезат во првиот тим, ќе останеа. Не веруваа и тоа е единствената причина за нивното заминување. Ова е голем проблем во целиот регион, бидејќи нема повеќе производство на млади играчи. Во АБА лигата сè помалку има простор за развој на млади играчи. Во моментов регионалната лига е натпреварување во кое играат премногу странски играчи, сè со цел да им се помогне на клубовите да постигнат што е можно подобри резултати – рече Сагадин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот