САД немаат индикации дека три од соборените воздушни објекти биле кинески или шпионски

САД засега немаат докази дека три неидентификувани воздушни објекти соборени овој месец се поврзани со Кина или со некоја странска шпионска програма. Тоа го соопшти денеска Белата куќа.

Американските власти „досега не виделе никакви индикации или нешто што конкретно укажува на идејата дека тие три објекти биле дел од програмата за шпионски балони на Кина или дека тие дефинитивно биле вклучени во напорите за надворешно собирање разузнавачки информации“, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби.

„Нема американски извидувачки балони над кинескиот воздушен простор, изјави вчера Кирби, откако американската војска во изминатите денови собори четири неидентификувани објекти, а за еден од нив тврди дека бил кинески шпионски балон.

Кирби со одговорот ги негираше тврдењата на Кина дека американски разузнавачки балони неовластено летале на голема височина над кинеска територија повеќе од десет пати од почетокот на 2022 година, пренесе „Ројтерс“.

Ние не пуштаме шпионски балони над Кина, тврди Вашингтон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот