САД повикуваат на конструктивен дијалог и воздржаност во Црна Гора

Фото: Архива

Американскиот Стејт департмент ги повика сите страни во Црна Гора да водат конструктивен дијалог, да покажат воздржаност и да избегнуваат какви било акции што би довеле до зголемување на тензиите.

Апелот на Стејт департментот уследи по апсењето на свештеници на Српска православна црква во Црна Гора поради кршење на забраната за собири воведени поради епидемијата со Ковид-19.

Во соопштението се посочува дека САД силно ги поддржуваат слободите, како слобода на говорот, здружување и собири и правата на поединците на мирен начин да ја изразуваат слободата на верата или убедувањата.

– Во истовреме, го почитуваме правото на сите суверени држави да го одржуваат јавниот ред и да го штитат здравјето на своите граѓани, на начин кој е усогласен со демократските стандарди и пракса, истакнува Стејт департментот.

Против девет свештеници од будимљанско-никшиќката епархија покренато е обвинение бидејќи на 12 мај спротивно на наредбите на црногорското Министерство за здравство учествуваа во литија заедно со граѓаните. Свештениците 72 часа поминаа во привор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот