САД објавија нова програма со која го повикуваат народот да прифати повеќе бегалци

Фото: Профимедиа

САД објавија нова програма за прием на бегалци со која ги повикуваат Американците да ја спонзорираат за да го зголемат бројот на приеми во земјата.

Американските граѓани за првпат ќе можат директно да го спонзорираат приемот на бегалци во САД, покрај здруженијата и невладините организации.

– Welcome Corps е најголемата иновација во приемот на бегалци во изминатите четири децении, изјави државниот секретар Антони Блинкен.

Во првата година целта е да се привлечат околу 10.000 Американци кои би примиле околу 5.000 бегалци, рече тој.

Секој Американец, или прво група од пет граѓани, кој сака да прими бегалец ќе мора да помине низ темелна безбедносна проверка и да обезбеди доказ за својата финансиска способност.

Не се предвидени финансиски стимулации за овие спонзори, кои ќе треба да докажат дека имаат 2.275 долари по бегалец за купување облека и други потреби во првите три месеци од престојот во земјава.

Американскиот претседател Џо Бајден го ограничи на 125.000 бројот на бегалци што САД можат да ги прифатат во една фискална година (која завршува на 30 септември), што означи промена од ограничувањата воведени од поранешниот претседател Доналд Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот