САД не смее да ја занемари руската нуклеарна закана, вели шефот на ЦИА

Шефот на ЦИА, Вилија Бернс/ Фото EPA-EFE/AL DRAGO / POOL

Соединетите Американски Држави не ја занемаруваат можноста Русија да се обиде да користи тактичко нуклеарно оружје во Украина, бидејќи Москва продолжува да се соочува со тешкотии на бојното поле, изјави денеска директорот на ЦИА, Вилијам Бернс.

– Со оглед на потенцијалниот очај на претседателот (Владимир) Путин и руското раководство, со оглед на неуспесите со кои досега се соочуваа на воен план, никој од нас не може несериозно да ја сфати заканата од потенцијалното прибегнување кон тактичко нуклеарно оружје или нуклеарно оружје со ниска издашност”, изјави тој при обраќањето на Институтот за технологија во Џорџија, пренесува Си-Ен-Ен.

ЦИА „го набљудува тоа многу внимателно”, рече Барнс. Но, тој нагласи дека САД допрва треба да видат знаци дека Русија се подготвува да преземе таков чекор.

– Иако видовме некои реторички ставови од страна на Кремљ за преминување кон повисоки нивоа на нуклеарна тревога, досега не видовме многу практични докази за распоредувања или воени диспозиции што би ја засилиле таа загриженост – но ние го следиме тоа многу внимателно, рече Барнс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот