САД и пандемијата на ковид-19: Милиони Американци до средината на март ќе примаат исплати од вкупно 2.000 долари

Фото: EPA-EFE/Rick D'Elia

Американците ќе добијат 1.400 долари директна исплата како помош во пандемијата, но „сè уште се дискутира за границата” кои категории на погодени граѓани ќе примат таква помош, изјавија од Белата куќа

На редовниот брифинг денеска, портпаролот Џенифер Псаки изјави дека сè уште се преговара за ова. Извесно е дека ќе се намали прагот на висина на примањата од 75.000 на 50.000 долари годишно. Па така, оние кои примаат над 50.000 долари годишна плата, можеби ќе бидат изземени од помошта

Сепак, таквата идеја е критикувана од сенаторите како Берни Сандерс од Вермонт и Рон Вајден од Орегон, кои сметаат дека од пандемијата настрадаа и многу семејства од средната класа, не само оние кои заработуваат помалку. 

Со тоа што веќе примиле 600 долари во декември, плус средства од пакетот на економски мерки на претседателот Џо Бајден, милиони Американци до средината на март оваа година ќе примат исплати од вкупно 2.000 долари.  

Праски на брифингот истакна дека Администрацијата е отворена за преговори со Конгресот за тоа каков ќе биде прагот според кој ќе се одлучува кој ќе прими помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот