САД и Јужна Кореја ќе ги одржат закажаните воени вежби и покрај противењето на Пјонгјанг

Фото: EPA-EFE/YONHAP SOUTH KOREA OUT

Јужна Кореја и САД, по долгите консултации, одлучија да ги одржат годинешните заеднички воени вежби, и покрај повиците на Северна Кореја за нивно откажување, пренесува агенцијата Јонхап.

„На претстојните вежби ќе учествуваат минимален број војници, а нивниот број ќе биде помал отколку за време на пролетните маневри“ изјавуваат службени лица од Северна Кореја.

Пред почетокот на воените вежби неделава во Јужна Кореја ќе се одржи четиридневна проба, на која ќе треба да се види подготвеноста на двете армии да реагираат на неочекувани итни ситуации.

Претставници на јужнокорејското Министерство за одбрана минатата ендела изјавија дека е „пожелно” маневрите да бидат прекинати поради пандемијата на коронавирусот и потребата да се преговара со Пјонгјанг. Оваа позиција беше поддржана и од владејачката Демократска партија.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун претходно изјави дека летните маневри ќе имаат негативно влијание врз односите меѓу двете Кореи.

Северна Кореја го предупредува нејзиниот сосед да не одржува воени вежби со САД

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот