САД до Албанија: Одбијте го насилството

Фото: Топ чанел

САД ги повикаа граѓаните и институциите на Албанија да го одбијат насилството во сите форми. Преку постирање на Твитер, Американската амбасада во Тирана ја истакна важноста на владеењето на правото и правото на мирни протести.

„Ги охрабруваме сите граѓани и институции низ цела Албанија, да ги поддржат принципите на владеење на правото, да го одбијат насилството во сите негови форми и да ги остварат своите демократски права на мирен начин, истовремено дозволувајќи им на нивните сограѓани да го направат истото”, се вели во информацијата од Американската амбасада, пренесува Радио Слободна Европа.

Денеска поддржувачите на албанска опозиција, составена од Демократската партија и Социјалистичкото движење за интеграција, најавија протести во Тирана.

САД ги повикуваат организаторите на протестите да преземат одговорност и „јавно да ги повикаат своите поддржувачи да го одбијат насилството во секоја прилика”.

Политичките тензии во Албанија се зголемија откако претседателот Мета ги одложи изборите закажани за 30 јуни, одлука која е неприфатлива за премиерот Рама. Најтензичните протести, но и судири меѓу полицијата и поддржувачите на албанската опозиција беа синоќа во Скадар, каде истовремено се оддржуваше и изборниот митинг на социјалистите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот