Сабаленка и покрај трагедијата ќе игра на турнирот во Мајами

Фот: EPA-EFE/JOEL CARRETT

Втората светска тенисерка, Арина Сабаленка сепак ќе настапи на турнирот во Мајами, иако се соочи со големата трагедија и смртта на нејзиниот дечко, Константин Колцов.

Поранешниот хокеар според последните информации за неговата смрт извршил самоубиство скокајќи од тераса во Мајами каде што престојувал поради турнирот кој ќе го игра Сабаленка.

Иако првично беше објавено дека Сабаленка ќе се повлече од турнирот, сепак најновите информации говорат дека плановите на Белорусинката не се промениле и таа ќе настапи во Мајами, но нема да се појавува на прес-конференциите по натпреварите.

Сабаленка досега не се огласила јавно по повод оваа ситуација. Колцов и Сабаленка беа во врска од 2021 година, а тој беше присутен на Индијан Велс каде што пред шест дена од трибините го гледаше поразот на Сабаленка во осминафиналето.

Шокантни информации од Белорусија: Партнерот на Сабаленка се самоубил со скок од тераса?!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот