Руското дерби во Торино за Рубљов

Фото: ATP Tour/Twitter

Рускиот тенисер Андреј Рубљов славеше против сонародникот Данил Медведев со 2:1 во сетови (6:7, 6:3 и 7:6) во првиот меч од „црвената“ група на завршниот мастерс.

Во првиот сет Рубљов пропушти седум сет топки, тоа на крајот го искористи Медведев и поведе со 1:0 во сетови после тај-брејкот. Сепак, во продолжение Рубљов заиграм ногу подобро и со пресврт во голема битка која траеше два ипол часа успеа да слави победа.

За двајцата Руси ова беше шеста меѓусебна пресметка и втор триумф за 25-годишниот Рубљов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот