Руските медиуми не сакаат „Доналд Иванович Трамп“ да биде отповикан од функцијата

Руската државна телевизија внимателно ги следи настаните со истрагата за отповикување (импичмент) на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесе „Бизнис инсајдер“.

Но, според Џулија Дејвис, која ги набљудува руските медиуми, оние кои се блиски до Кремљ не сакаат американскиот претседател да биде отповикан од позицијата.

– Дали сте го загубиле умот што сакате да го отстраните нашиот Доналд Иванович (се мисли на Доналд Трамп) – таа ги цитира саркастичните ставови на телевизискиот водител Владимир Соловиев во нејзинот текст објавен на „The Daily Beast“.

Прекарот кој водителот му го даде на американскиот претседател доаѓа од неговото целосно име, Доналд Џон Трамп, со тоа што „Иван“ е руската форма на името Џон, и според Дејвис е карактеристично за омаловажувачкиот тон на руските политички експерти кога зборуваат за првиот човек на САД.

Соловиев е голем поддржувач и често јавно ги брани ставовите на рускиот претседател Владимир Путин, и на неговата емисија „Сѐ со Владимир Соловиев“ тој разговара со политички експерти и политичари за моменталните состојби – и секогаш е на страната на Кремљ, велат од „Бизнис инсајдер“.

Синтија Хопер, професорка на руска историја на Колеџот на Светиот Крст, во октомври објави колумна во која пишува дека руските медиуми често ја спинуваат истрагата за отповикување на американскиот претседател за да се потсмеваат со Трамп и политичката поделба во САД, додека ги повторуваат критиките на Трамп дека истрагата е еднострана и „лов на вештерки“.

– Овој скандалот поврзан со телефонскиот разговор меѓу Трамп и украинскиот претседател Владимир Зеленски, е подарок за оние кои сакаат да пренсат дека во САД постои голема нефункционалност – нотира Хопер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот