Русите тврдат дека собориле украински дрон над Белгород

Фото: „Си-ен-ен“ / принтскрин

Руската армија соборила украинско беспилотно летало над Белгородската област, во која нема жртви или материјална штета, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

„Денеска околу 9 часот по московско време е спречен обид на режимот во Киев да изврши терористички напад со беспилотно летало врз објекти на територијата на Руската Федерација“, се наведува во соопштението, пренесува Интерфакс.

Се додава дека руските системи за противвоздушна одбрана откриле и уништиле дрон над територијата на регионот Белгород.

Регионот Белгород се наоѓа на западот на Русија, на границата со Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот