Русија тврди дека Украина повторно се обидела со дрон да ја нападне нуклеарката Запорожје

Запорожје нуклеарна централа EPA-EFE/SERGEI SUPINSKY epa Historical Collection digitized in 2012 as part of the EURO-Photo project

Украинската нуклеарна централа Запорожје, која е под руска контрола, вчера соопшти дека украински дрон е соборен над покривот на реакторот број шест.

– Денеска над нуклеарната централа беше соборен камиказе дрон. Падна на покривот на единицата 6, соопшти нуклеарната централа, под фотографијата на реакторот број шест.

Реакторот број 6 во моментов е исклучен, велат од електраната.

Русија објави дека Украина во неделата три пати ја нападнала нуклеарната централа Запорожје и побара од Западот да одговори, но Киев вели дека нема никаква врска со тоа.

Руските сили ја презедоа контролата врз нуклеарната централа во 2022 година, веднаш по почетокот на инвазијата врз Украина.

Москва и Киев постојано се обвинуваат меѓусебно дека ризикуваат нуклеарна катастрофа со напад на нуклеарната централа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот