Русија тврди дека не стои зад кибер нападот врз институции и компании во САД

Фото : Архива

Нападот, со кодно име „Кибер ветрови”, ја загрози работата на девет американски федерални институции и стотици приватни компании.

Шефот на руската надворешна разузнавачка служба, Сергеј Наришкин, денеска негираше дека агенцијата што ја раководи стои зад кибер нападот врз САД.

Нападот, со кодно име „Кибер ветрови”, ја загрози работата на девет американски федерални институции и стотици приватни компании.

САД и Велика Британија ја обвинија руската надворешна разузнавачка служба за нападот, а Наришкин посочи дека обвинувањата потсетуваат на „лош детективски роман” и дека е „почестен” со тврдењето дека неговата служба стои зад овие напади поради туѓа заслуга, пренесуваат британските медиуми.

Наришкин посочи дека тактиката што била користена за време на нападот потсетува на оние што ги користеле американските и британските разузнавачки агенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот