Русија разгледува мерки против Северна Македонија; „Случајот е документиран“

Русија разгледува мерки што можат да бидат реакција на протерување на руски дипломат од Северна Македонија, изјави портпаролот на руската амбасада во Скопје, пренесе руската агенција ТАСС.

Тој во име на Амбасадата потврди дека владата во Скопје донела таква одлука.

„Руската страна сега ги разгледува мерките за одговор што ќе следат по овој чекор. Рускиот дипломат има рок од седум дена да ја напушти Северна Македонија. Неговото име нема да биде објавено“, рече портпаролот на амбасадата.

Претходно денес, Македонија објави дека протера руски дипломат. Рускиот амбасадор во Скопје беше поканет во Министерството за надворешни работи на Северна Македонија на 14 мај, каде што му беше врачена нотата за протерување на неименуваниот руски дипломат.

Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, денес изјави дека е запознат со случајот со протерувањето на рускиот дипломат и дека тој е документиран од надлежните институции.

„Бев информиран, од она што го видов, случајот го документираа надлежните институции, не станува збор за импровизација“, рече Пендаровски, одговарајќи на прашањето на новинарите дали е запознат со одлуката на Министерството за надворешни работи.

Тој додаде дека седумдневниот рок за напуштање на рускиот дипломат од земјата е оставен од хумани причини.

„Беше земен предвид човечкиот аспект, не само дипломатската конвенција, за да не биде преку ноќ. Овие луѓе имаат семејства и други интереси и нехумано е да се постапува така“, додаде Пендаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот