Русија „огорчена” од поддршката на Франција за формирање Суд за воени злосторства во Украина

Фото EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека е „огорчено” од изјавата на француското Министерство за надворешни работи дека ги поддржува плановите за создавање Суд за злосторствата извршени од Русија во Украина, пренесуваат британските медиуми.

Во соопштението на руското министерство се критикуваат плановите ЕУ да формира специјален суд што ќе ги истражува руските воени злосторства.

„Ги повикуваме француските дипломати, кои посветуваат толку многу внимание на прашањата за човековите права, да не ги делат луѓето на „праведни” и „погрешни”, „наши” и „странци”, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Украина бара формирање на специјализиран суд за судење на руските воени и политички лидери кои ги смета за одговорни за започнување на војната.

Русија, која своите акции во Украина ги нарекува „специјална воена операција”, негира дека цели на цивили или извршила други воени злосторства.

Балтичките земји уште минатиот месец, на самитот на Европската унија (ЕУ) во Брисел, побараа формирање специјален суд кој ќе суди за злосторствата извршени од Русија во Украина.

„Апсолутно треба да разговараме за правниот одговор на извршените злосторства и за формирање специјален суд кој ќе ги процесуира”, изјави естонската премиерка Каја Калас.

Естонија, Литванија и Летонија бараат специјален суд за руските злосторства во Украина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот